Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, е дел од „сентурионите“, одбрано друштво во кое се наоѓаат сами легенди на европскиот фудбал, како Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Роберт Левандовски, Лука Модриќ, Еден Азар
УЕФА објави посебна листа на фудбалери, вкупно 21, кои имаат над 100 настапи за своите репрезентации во пресрет на Европското првенство.
„Долгогодишната ѕвезда на својата земја, Горан Пандев доживеа магично крешендо во кариерата, откако со Македонија стигна до пласман на ЕВРО 2021 и ќе игра на прв голем турнир на 37 години. Пандев го постигна голот во плејофот против со кој Македонија обезбеди пласман на ЕП“, објави УЕФА.
Горан Пандев веќе има 114 натпревари за Македонија, најмногу во историјата на нашиот национален тим.
Прв меѓу „сентурионите“ е Серхио Рамос, кој има убедливо најмногу настапи, 178 за селекцијата на Шпанија, потоа следи Роналдо со 170 натпревари за Португалија, а меѓу нив е и Горан Пандев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski