Драган Стојковиќ – Пикси и официјално е именуван за селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Легендарниот фудбалер на својот 56. роденден беше претставен во јавноста.
“Пресреќен сум и горд што сум селектор на својата земја. Не постои поголема чест од оваа, не можев да си посакам поубав родеденски подарок. Неколкупати досега истакнав, ќе кажам и сега. Мораме да бидеме единствени, на натпреварите да доминираме. Сакам да гинеме за дресот, грбот и химната на Србија. Уште еднаш благодарност до ФСС за довербата, се надевам дека заедно ќе се радуваме на успесите во иднина“, изјави Драган Стојковиќ, новиот селектор на Србија.
Пикси ќе дебитира на 24 март против Р. Ирска во Белград на квалификациски меч за СП во Катар 2022.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












