
Португалскиот ас Кристијано Роналдо учествуваше со еден гол во синоќешниот триумф на Јувентус на домашен терен против Специја, а со тоа го достигна и легендарниот Пеле по бројот на постигнати голови (766) во кариерата. Сега Роналдо е трет најдобар стрелец во историјата.
Следна цел на напаѓачот на Јувентус ќе биде да го достигне Ромарио. Поранешниот фудбалер на Барселона и бразилски репрезентативец во кариерата има постигнато 772 гола. На првата позиција на оваа вечна листа на голгетери е Јозеф Бичан кој во периодот од 1930 до 1955 година има постигнато фантастични 805 погодоци.
Оваа сезона Роналдо веќе постигна 20 гола во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
