
Академија Пандев и Работнички се единствените два клуба кои ја стартуваа фудбалската пролет, иако и во саботата во Струмица теренот на комплексот на Академија Пандев беше прекриен со снег. Сепак, добија „налог“ од делегатот дека треба да играат, а на крајот „романтичарите“ беа посреќни и остварија триумф (0-1) на тешкиот и замрзнат терен.
Во Академија Пандев, нормално, се разочарани од епилогот, но и од одлуката да се игра натпреварот во нефудбалски услови. Шефот на стручниот штаб Александар Васоски вели дека не бара алиби ако каже дека мечот воопшто и не требаше да започне, а им честита на фудбалерите и на стручниот штаб на Работнички за победата.
„Лош почеток на пролетта. Видовте и сами какви беа условите – апсолутно нефудбалски. И тоа мораше да биде забележано од делегатот и од судијата, да се заштитат фудбалерите од несакани повреди. Не е ова алиби за нашиот пораз, го говорев и пред самиот почеток на мечот. Едноставно не смееше да се дозволи натпреварот да започне или пак судијата требаше да го прекине уште во петтата минута поради нефудбалски услови за игра. Што се однесува до резултатот, честитки за фудбалерите и за стручниот штаб на Работнички за победата. Немаше услови за играње фудбал, едноставно тие искористија една наша грешка, имаа и тие такви грешки, а ние не успеавме. Одиме понатаму, ќе го надминеме и ова, Академија Пандев има квалитетен тим и верувам дека ќе се извлече од оваа сегашна позиција на првенствената табела. Сега не очекуваат две седмици пауза, студено време и замрзнати терени, а претходно имавме фантастични подготовки во Анталија“, анализира шефот на стручниот штаб на Академија Пандев, Александар Васоски, за Макфудбал.
Во следното коло, Академија Пандев на 28 февруари ќе му гостува на Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лука Модриќ потпишува за Милан
