Фудбалската федерација на Македонија заедно со Организацијата за безбедност и соработка на Европа претставувана преку нивната мисија во Скопје ја промовираше кампањата под мото „Омразата не игра на наш терен, да ја исклучиме и од трибините“ во процесот на спротивставување и спречување на сите појави на насилно делување и говор на омраза на спортските натпревари.
Основната мисија на ФФМ, заедно со поддршка од мисијата на ОБСЕ во Скопје, е да ги штити вредностите и клучните принципи на фудбалската игра, како што се: интегритетот, различноста, дигнитетот, противниците и поддржувачите, се со цел да го заштити вистинскиот дух на фудбалската игра. Преку видео пораки како главни промотори на кампањата се вклучени Баже Илијоски, Висар Муслиу, Теодора Димоска, Илса Максути и Гого Јовчев.
На прес-конференција во „Куќа на фудбалот“ свое обраќање имаа генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски и шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.
„Со иницирање на активности за подигнување на свесноста за повисоко ниво на толеранција на фудбалските терени и надвор од нив се испраќа порака до навивачите, а особено младите за штетните ефекти од говорот на омраза и нетолеранција. Фудбалот е одлична платформа за испраќање на позитивни пораки. Повикот за фер навивање упатен од страна на нашите сегашни и поранешни фудбалски ѕвезди до македонската фудбалска публика ќе ја пренесе пораката дека фудбалските стадиони се места каде можат да се чувствуваат безбедно и каде сите се добредојдени. Искрена благодарност до мисијата на ОБСЕ во Скопје за иницијативата и поддршката во организирање на оваа кампања. Фудбалската федерација е секогаш отворена за соработка со сите организации и институции кои ја даваат својата поддршка кон развојот на фудбалот и сакаат да придонесат кон фер игра и позитивната атмосфера на и надвор од терените“ – изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
„Целта на кампањата е да се придонесе кон прифаќањето на мултиетничкиот карактер на општеството и отфрлање на предрасудите, зголемена јавна свесност, особено меѓу спортските навивачи и младите, потоа за штетните ефекти од говорот на омраза и криминалот поттикнат од говорот на омраза во спортот, да се охрабрат спортските навивачи да избегнуваат дискриминаторски, расистички и нетолерантни пароли на и надвор од спортските терени вклучувајќи ги и социјалните медиуми“ – истакна амбасадорот Клеменс Која.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski