
Најдобриот македонски фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев од страна на Судиската комисија на УЕФА е одреден за главен судија на мечот во натпреварите за Лига Нации меѓу Белорусија и Казахстан што ќе се одигра во Минск на 13 октомври. Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија е Димитар Мечкаровски.
Единствениот контролор за судење на меѓународни натпревари од Македонија, кој се наоѓа на листата на УЕФА, Емил Божиновски на 13 октомври во Кишињев ќе го контролира судењето на мечот меѓу Молдавија и Словенија исто така во рамките на Лига Нации.
Беше ангажиран од страна на УЕФА и делегатот од Македонија, поранешниот претседател на Натпреварувачката комисиа на ФФМ Васко Дојчиновски кој вчера беше делегат во Загреб на натпреварот меѓу Хрватска и Шведска.
/М.М/

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal