
Поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски ја открива јавната тајна за фудбалот во третите лиги, го искуси на своја кожа со оглед дека е тренер на третолигашот Локомотива. Денеска неговиот тим загубил од Беса во Слупчане со 3-1, а Наумоски вели дека таков судиски „криминал“ нема ниту во Зимбабве.
„Бесен сум, не украдоа. Инвалид останав играјќи за репрезентацијата на Македонија, а тука доѓаш да бидеш тренер и да работиш, да помогнеш, и те крадат при широко отворени очи. Ваков судиски криминал каков што се случи денеска во Слупчане – нема никаде во светот! Како е ова можно во нашава Македонија, зарем цела ја распродадоа?! Ќе потенцирам, судијата срамно не украде и и подари победа на Беса. Таму нема ниедно македонско знаме, бате“, вели за МАКФУДБАЛ, видно изреволтиран, Илчо Наумоски.
Се осврна и на деталите од натпреварот. Вели дека судиските одлуки биле и главниот фактор за конечниот резултат.
„Поведоа со 1-0 со гол, а имаше офсајд позиција од најмалку четири метри. Запишете го…судија Виктор Јовчевски. Ова мора да се знае, да излезе во јавноста. Ние Македонците сами си се крадеме, бате. Јас реагирав кон судијата, дали има очи да види што се случи, а тој ми вели…„молчи, оти ќе те истерам“. Мене да ме истера, оти тој не досуди офсајд од четири метри. Потоа израмнивме на 1-1, и уште поголема кражба. Досуди пенал за противникот, а нашиот играч беше на два метри, ниту старт, ниту ништо….Косата си ја откорнав од нервози. Тоа не е можно, така да се „краде“ еден натпревар. На крајот, одлучивме да им ги додаваме топките на фудбалерите на Беса, да ни дадат и трет гол. Ете нека победат, ова ли е фудбал? Има ли некој што тоа ќе го санкционира? Јас ќе сведочам, сум играл за македонската репрезентација, ме крадат пред мои очи, ваков криминал нема никаде во светот“, истакна за МАКФУДБАЛ, Илчо Наумоски.
За жал, Наумоски има само две маани. Многу е искрен и најголем дел од кариерата ја помина во Австрија, не е запознат премногу со случувањата во македонскиот фудбал, посебно во пониските дивизии.
Редакцијата на Макфудбал се оградува од ставот во овој текст на Илчо Наумоски. Другата страна не е контактирана кога е објавена изјавата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Евро-фудбал
Белгијците очекувано го декласираа Лихтенштајн

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку
