Еден од најдобрите презентери на македонскиот фудбал, Димитар Мечкаровски, ја заврши интернационалната кариера, а ОФС Куманово по тој повод организираше посебна свеченост и му оддаде признание.
Членот на Судиската комисија на ФФМ, Драган Стојановски, претседателот на ОФС Куманово, Борче Лазаревски, претседателот на судискиот одбор на ОФС Куманово, Драган Ристовски како и Комесарот на судии при ОФС Куманово, Бурхамедин Салихи, му поделија признанија и пригодни подароци на својот член.
Во интернационалната судиска кариера Мечкаровски како главен судија ја делеше правдата на 58 меѓународни натпревари.
„ОФС Куманово…Борче Лазаревски, Драган Стојановски, Етка Јусуф, Бурхан Салихи, Драган Ристовски…оваа вечер ќе ја паметам засекогаш. Пред 20 години ме земавте да бидам дел од вас и да учам од вас, мислам дека не ве разочарав. Фала за честа и за преубавите заеднички моменти, наклон до земја“, објави Мечкаровски на социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













