
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, сака да го доведе и Иско Аларкон во Евертон. Ангажманот на Хамес Родригез се покажа како полн погодок од почетокот на сезоната во Премиер – лигата, па италијанскиот стратег сака да го надополни средниот ред со уште еден одличен креатор од Реал Мадрид. Тој многу добро ги знае квалитетите на Иско од периодот кога беше на кормилото на „кралевите“.
Фудбалерот од Андалузија се плаши дека би можел да остане надвор од репрезентацијата пред Европското првенство идното лето, доколку нема настапи за клубот. Не сака да биде ниту дел од пакетот што Реал Мадрид би го понудил за Пауло Дибала на Јувентус следното лето.
Реал Мадрид ќе се согласи Евертон да го добие Иско на позајмица во јануари, но на лето да има задолжителен откуп на неговиот договор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рома го промовираше Гасперини (ФОТО)
