Манчестер Јунајтед очајно ја стартуваше сезоната во Премиер – лигата, а тимот на Оле Гунар Солскјер го загуби и дербито против Арсенал (0-1) на „Олд Трафорд“. Се наоѓа при дното на табелата и тоа повик за црвен аларм во редовите на „црвените ѓаволи“.
Норвешкиот стратег вели дека екипата не го прикажува квалитетот што го поседува и тоа веднаш ќе мора да се промени.
„Фудбалот е проклета игра. Еден меч си горе, потоа ако загубиш – веднаш си долу. Знам дека има огромен квалитет во овој тим на Манчестер Јунајтед, но едноставно тоа не го прикажуваат на теренот. А тоа е најважниот сегемент. Им подаривме пенал за да не победат. Мора веднаш да се оттргнеме од летаргијата и да се подготвиме добро за следниот меч против Евертон“, изјави Оле Гунар Солскјер.
Манчестер Јунајтед се наоѓа на 15. позиција на табелата со само седум освоени бода по шест натпревари, најслаб ефект во последните четири децении.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski