
Пелистер се извлече од пораз на дербито против Вардар, одигра 2-2 иако беше фаворит со оглед на случувањата во таборот на „црвено-црните“, но дефанзивецот Бојан Илиевски вели дека тој меч е веќе заборавен, а се планира триумф против Ренова. Тоа е директен дуел во битката за опстанок.
„Го анализиравме противникот во текот на тренинзите оваа недела. Натпреварот против Вардар е заборавен, веќе имаме директна битка за опстанок против Ренова. Имаме ист број на бодови и мораме да го добиеме овој натпревар, за да имаме мир во продолжението на сезоната. Целта ни е да се одлепиме од Ренова за помирно да се посветиме на следните натпревари. Игравме и во Купот и во првенството против Ренова и двата натпревари завршија нерешено. Се надевам дека сега ќе извојуваме победа. Добро сме воиграни, дојдоа квалитетни засилувања и мислам дека ќе ни помогнат да обезбедиме опстанок“, вели младинскиот репрезентативец на Македонија.
Пелистер се наоѓа на деветтото место со 19 освоени бода во пресрет на утрешниот дуел, додека Ренова е веднаш зад битолчани, исто така со 19 поени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
