
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, се уште нема постигнато договор со клубот за продолжување на соработката, а неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезоната. Пари Сен Жермен се обидува да го искористи вакуумот што го остави Серхио Перез и да го „украде“ елитниот дефанзивец.
Понудата на ПСЖ е неверојатна, договор на три сезони и 20 милиони евра годишна плата. Тоа „кралскиот клуб“ со сигурност не може да му го понуди на Серхио Рамос.
Реал Мадрид размислуваше дали да му понуди и двегодишен договор, сакаше да преговара само за едногодишно продолжување на соработката, но последните информации дека сепак Флорентино Перез ќе се согласи на нов двегодишен договор. Во моментот Серхио Рамос заработува 11 милиони евра по сезона во дресот на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
