Шкендија ја задржа предноста од шест бода во однос на Шкупи, а успеа и да ја зголеми на осум бода во однос на третопласираниот тим на Македонија ЃП. Стрелец на победничкиот гол за тетовци беше Љупчо Дориев кој постигна прекрасен погодок со удар со глава.
„Знаевме дека нема да биде лесно во Кратово, затоа што Силекс традиционално игра добро на домашен терен. Имавме негатива, но успеавме да направиме пресврт и дојдовме до победа. Среќен сум што со мојот гол му помогнав на тимот да стигне до триумф. Беше важно за нас да го започнеме пролетниот дел од сезоната со победа“, изјави Дориев.
Во следното коло, Шкендија на домашен терен го пречекува Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













