Connect with us

Зидан: Нема да поднесам оставка!

Зинедин Зидан нема намера да поднесе оставка на тренерската позиција во Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ со поразот од Шахтјор Доњецк го загрози пласманот во нокаут фазата од Лигата на шампионите.   

„Нема да поднесам оставка. Тешки мигови имавме и претходно и ова е едно ново искушение. Имам сила и ќе дадам максимум да се издигнеме, како и секогаш со фудбалерите. Мора да го задржиме карактерот и гордоста и да веруваме“, изјави Зидан на прес-конференцијата.

Французинот вели дека Реал незаслужено загубил.

„Имавме одлично прво полувреме, но не успеваме да постигнавме гол. Извршивме притисок, ја одземавме топката, имавме и шанси, но не ги искористивме“, истакна тренерот на Реал Мадрид.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови