
Легендарниот италијански напаѓач Паоло Роси утре ќе биде погребан во Виченца на затворена церемонија. Во катедралата ќе бидат присутни членовите на семејството и најблиските пријатели, а поради величината на Паоло Роси одлучено е, со дозвола од неговата сопруга Федерика Капелети, погребот ќе биде директно пренесуван на националната телевизија „РАИ 2“ за да можат достојно да се простат од него сите Италијанци.
„Размислував и донесов одлука погребната церемонија да биде отворена за цела Италија, затоа што Паоло Роси ги сакаше сите и би ве замолила, да го испратиме со насмевки, тоа беше неговата желба. Тој го освои Светското првенство со Италија, но, за жал, ја загуби животната битка. Сепак, насмевката му беше присутна до самиот крај и покрај страшната болест“, изјави Федерика Капелети.
Посмртните останки на Паоло Роси денеска од 15 до 20 часот ќе бидат изложени на стадионот „Ромео Менти“ во Виченца, каде ќе можат фановите да се збогуваат.
Паоло Роси почина на 64-годишна возраст како последица на канцер на белите дробови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski