
Реал Мадрид доживеа сензационална елиминација во 1/16 – финалето од Купот на Шпанија. „Кралевите“ загубија (2-1) по продолженија од нисколигашот Алкојано иако имаа водство на стартот од дуелот.
Дефанзивецот Едер Милитао донесе предност за тимот на Зинедин Зидан во 45.минута, но Хозе Солбес ја најави сензацијата со погодокот во 80.минута. Мечот отиде во продолженија, а Алкојано зададе уште еден удар откако Хуанан Казанова во 115.минута ја затресе мрежата на Адриј Лунин кој имаше кошмарно деби на голот на Реал Мадрид. Алкојано од 110.минута беше и со играч помалку на теренот откако беше исклучен Рамос Лопез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
