
Реал Мадрид доживеа срамна елиминација во 1/16 – финалето на Купот на Шпанија. Загуби од третолигашот Алкојано со 2-1 по продолженија иако водеше по првото полувреме, а во финишот третолигашот играше и со фудбалер помалку на теренот.
Тренерот Зинедин Зидан вели дека не е срамно да се загуби иако тоа не го посакува ниту тој, ниту фудбалерите.
„Не е срамота да се загуби иако јас не сакам никогаш да губам. Имавме водство, имавме и играч повеќе, ваквите дуели се мачни. Комплетно ја преземам одговорноста, не знам што ќе биде понатаму и како ќе реагира раководството. Ни останува да се бориме за трофеи во Ла Лига и во Лигата на шампионите“, изјави Зинедин Зидан по неверојатната елиминација на „кралевите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
