
Полскиот интернационалец Аркадиуш Милик го напушта Наполи и се сели во Франција на инсистирање на Андре Вилјаш – Боаш. Тој ќе потпише договор со францускиот прволигаш Олимпик Марсеј откако долгите преговори конечно завршија со успех. Напаѓачот ќе добие можност за многу поголема минутажа во новиот тим, а Олимпик Марсеј на Наполи ќе му плати 8 милиони евра.
Спортскиот директор на Олимпик Марсеј, Пабло Лонгорија, објави дека фудбалерот во текот на денешниот ден ќе треба да пристигне во Франција и да ги изврши медицинските прегледи, а потоа и да стави потпис на договорот со новиот клуб.
Аркадиуш Милик во 2016 година од Ајакс пристигна во Наполи, одигра 93 натпревари и постигна 38 гола, а оваа сезона не добиваше шанса од тренерот Џенаро Гатузо. Тој има договор до јуни со „наполитанците“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер
