Connect with us

Футсал репрезентацијата на Македонија ги доби противниците за мундијалските претквалификации

Македонската футсал репрезентација патот кон завршницата на Светскиот шампионат што ќе се одржи во 2028 година го почнува со настап на претквалификациски турнир.

Нашата селекција е дел од Ц конкуренцијата и за продолжување на мундијалските квалификации ќе соочи со репрезентациите на Литванија, Турција и Бугарија.

Домаќин на турнирот е Литванија, а место во следната рунда обезбедуваат освојувачите на првите две позиции, а според календарот мечевите се на програмата од шести од 15 април.

Во главната рунда ќе партиципираат вкупно 36 селекции од Европа кои ќе бидат поделени во 12 групи по три национални тима и во оваа фаза ќе се играат мечеви на домашен и гостински терен.

Светскиот шампионат во футсал ќе се одржи во периодот од седми до 29 октомври 2028 година, а ФИФА се уште не го одредила домаќинот.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП ВО ФУТСАЛ 2028

ГРУПА A: Данска (домаќин), Андора, Малта, Шкотска

ГРУПА Б: Шведска, Англија (домаќин), Швајцарија, Северна Ирска

ГРУПА C: МАКЕДОНИЈА, Литванија (домаќин), Турција, Бугарија

ГРУПА Д: Косово, Црна Гора, Австрија, Гибралтар

ГРУПА E: Летонија, Албанија, Кипар, Сан Марино

ГРУПА Ф: Грција, Норвешка, Израел, Естонија

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови