Наполи не успеа да се врати со позитивен резултат од гостувањето кај Бенфика. Тимот на Жозе Мурињо ја запиша втората последователна победа во Лигата на шампионите (2-0) и ги задржа реалните шанси за пласман понатаму.
Домашниот состав одигра одлично пред својата публика и го контролираше Наполи речиси во целост. Риос го отвори резултатот во 20. минута, а Бариеро во 49. минута го постави конечниот исход. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше стартер и остана на теренот до 81. минута, кога беше заменет од Вергара.
Арсенал продолжува со максимален учинок во Лигата на шампионите, откако славеше на тешкото гостување кај Клуб Бриж со 2-0. Нони Мадуеке блесна со два прецизни удари, а Габриел Мартинели се запиша како стрелец на третиот гол за лондончани.
Јувентус имаше многу работа против дебитантот Пафос, но сепак извојува победа од 2-0 пред својата публика. И двата гола паднаа по паузата — прво погоди Вестон Мекени, а подоцна и Џонатан Дejвид, што донесе олеснување за навивачите во Торино.
Баер Леверкузен со гол во самиот финиш избегна пораз од Њукасл Јунајтед (2-2). Со автоголот на Бруно Гимараеш, германскиот тим водеше на полувреме, но Гордон и Мајли го свртеа резултатот во корист на Англичаните. Сепак, во 89. минута, Грималдо успеа да донесе бод за домаќините.
Ист таков резултат — 2-2 — се одигра и на дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Бодо/Глимт. Јулијан Брандт постигна два гола за „милионерите“, додека за норвешкиот тим стрелци беа Алесами и Хауге, кои двапати носеа израмнување. Без голови заврши пресметката меѓу Атлетик Билбао и Пари Сен Жермен во Баскија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













