Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го изрази своето незадоволство од досудениот пенал во корист на Ливерпул во самиот финиш на натпреварот од Лигата на шампионите, кој заврши со минимален триумф 0-1 за „црвените“.
Во 87. минута, судијата Феликс Цвајер покажа пенал по преглед на ситуацијата со ВАР. Причината беше прекршок на Алесандро Бастони, кој го повлече дресот на Флоријан Вирц во шеснаесетникот, а Доминик Собослаи го реализираше досудениот удар.
„Ретко ги коментирам судиските одлуки. Говорам за почит и за тоа што треба да ги учиме луѓето, особено во Лигата на шампионите. Судијата беше во одлична позиција, ја виде целата ситуација и процени дека нема пенал“, изјави Киву.
„Кога ВАР се вмешува, мора да ја разбере динамиката на моментот. Должни сме да ги прифаќаме одлуките на арбитрите и да се учиме како да се справуваме со неправдата, да пристапуваме повнимателно кон вакви ситуации и да се фокусираме на добрите работи што можеме да ги направиме“, истакна стратегот на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Евро-фудбал
Баерн се мачеше, но го победи Спортинг (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора













