Сапуницата околу Мохамед Салах и Ливерпул продолжува. Египетскиот напаѓач во интервју јавно го нападна и раководството на клубот и тренерот Арне Слот, по што следуваше казна од англискиот тим.
Според најавите, Салах нема да патува со тимот на гостувањето кај Интер во Лигата на шампионите, натпревар што е закажан за утре. Англиските медиуми наведуваат дека оваа одлука е иницирана од тренерот Арне Слот, а раководството на клубот ја прифатило.
Иднината на Салах во Ливерпул сè уште не е позната, но се зголемуваат индициите дека тој во јануарскиот преоден рок ќе го напушти „Енфилд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













