Со дуелот Арсими – Пелистер што ќе се игра во Гостивар се спушта завесата на првиот дел од македонското фудбалско првенство. Пред важниот меч, фудбалерот на Арсими, Ринор Ајдини, ги изнесе очекувањата и апелот кон навивачите.
Ајдини ја нагласи важноста на дуелот и мотивот во редовите на Арсими:
“Овој натпревар е исклучително важен за нас. Во позитивен момент сме по победите над Шкендија и пред неколку дена против Силекс во Кратово, но тие победи добијат целосна вредност само ако успееме да славиме на овој натпревар. Мора да влеземе концентрирани и без потценување, затоа што Пелистер знае да биде опасен”.
Тој додаде дека тимот сака да ја затвори полусезоната на најдобар можен начин.
“Нашата цел е јасна, да ja завршиме полусезоната со победа. Работевме многу и веруваме во нашите сили. Се надеваме дека навивачите ќе бидат со нас, затоа што нивната поддршка ни дава дополнителна енергија”.
Натпреварот од 16. коло меѓу Арсими и Пелистер ќе се одигра со почеток во 13:00 часот на Градскиот стадион во Гостивар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













