Една од најголемите ѕвезди на Челси, Кол Палмер, е подготвен да се врати на теренот за големото дерби против Арсенал, потврди менаџерот Енцо Мареска.
Пред една недела, италијанскиот стратег објави дека Палмер претрпел повреда на прстот на левата нога при домашен инцидент и ќе мора да ги пропушти следните натпревари, вклучувајќи ги дуелите против Барнли, Барселона и Арсенал. Сепак, англискиот репрезентативец продолжи со тренинзите пред мечот со каталонците и сега е подготвен да се врати на теренот, откако последниот натпревар го одигра против Манчестер Јунајтед на 20 септември.
„Тој е подготвен и на располагање за натпреварот. Сите сме многу среќни, но најважно е што и Кол е среќен, бидејќи секој фудбалер сака да игра и да тренира секој ден. Тој е еден од нашите најдобри играчи и ни е задоволство што се врати. Сега треба да му дадеме време да биде целосно подготвен. Пред повредата играше одлично и сум сигурен дека ќе продолжи да игра на исто ниво и во иднина“, изјави Мареска.
Во врска со лондонското дерби со Арсенал, Мареска имаше пофални зборови за противникот.
„Арсенал е фантастичен во одбраната. Секој тим се мачи не само да постигне гол, туку дури и да создаде вистински шанси пред нивниот гол. Токму затоа е толку тешко да се победи лидерот во Премиер-лигата“, додаде менаџерот на Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лапорта: Во Реал се заболени од „барселонит“
Прва лига
Арсими посакува изненадување во Кратово













