Арсими приреди големо изненадување за Силекс, славејќи со убедливи 1-3 нa тешкиот и каллив терен во Кратово, во првиот натпревар од 15. коло од Првата лига.
Почетокот доцнеше околу дваесетина минути поради преголемата влажност на теренот. Играчите тешко воспоставуваа нормален ритам, додавањата беа ризични, а топката често запираше во водените површини. И покрај тоа, мечот понуди борбен и динамичен фудбал со шанси на двете страни.
Силекс беше поактивен тим во воведниот дел, напаѓајќи преку Додев, Алиќ и Говедарица. Последниот ја пропушти најдобрата можност за домаќините во првиот дел. Арсими, пак, се бранеше компактно на својата половина и се обидуваше да контрира, но без посериозни завршници.
И додека домашниот тим го контролираше поголемиот дел од полувремето, гостите од Чегране успеаја да го шокираат Кратово пред самиот одмор. Во 44. минута, Мирнел Хуриќ ја следеше акцијата која започна од крилната позиција и од непосредна близина ја испрати топката во мрежата, за 0-1.
Гостите подобро го започнаа и вториот дел, создавајќи прилика преку Таипи, но тој не реализираше. Силекс имаше големи потешкотии да пробие до шеснаесетникот, делот од теренот каде водата најмногу ја отежнуваше играта и ги рушеше нивните напади.
Домашниот тим потоа влезе во силен притисок. Говедарица промаши празен гол, што се покажа како скапоцен пропуст, бидејќи само неколку минути подоцна следеше жестока казна. Во 61. минута, нововлезениот Ајдини зголеми на 0-2 и го донесе Арсими во удобна позиција. Овој погодок дополнително ги исфрустрира домаќините, иако тие не беа инфериорни во играта.
Силекс продолжи да напаѓа и конечно успеа да намали преку Мартин Мирчевски во 76. минута, кој реагираше најдобро по одбиена топка од гредата. ВАР ја провери ситуацијата, но голот беше признаен, за 1-2.
Но само што се разгоре надежта, Арсими повторно возврати. Албан Таипи во 81. минута со силен удар ја врати предноста од два гола, поставувајќи ги конечните 1-3. Тоа беше шеста победа сезонава за тимот од Чегране, кој сега има 21 бод и е веднаш зад Башкими.
Силекс останува на 28 бодови и во следното коло ќе игра против Работнички, додека Арсими дома го пречекува Пелистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лапорта: Во Реал се заболени од „барселонит“
Прва лига
Арсими посакува изненадување во Кратово













