Connect with us

Силекс го почитува Арсими, но верува во освојување на трите бода

Силекс против Арсими го отвора 15. коло во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ги очекува дуел со противник кој во минатото коло го совлада шампионот Шкендија.

Од тука од таборот на кратовци претпазливи пред овој натпревар. Го почитуваат противникот, но веруваат во добра игра и во освојување на три бода од денешниот дуел.

Александар Васоски, шефот на стручниот штаб на Силекс предупредува на внимателност, и потенцира дека нема да биде лесен натпревар, но и дека очекува квалитетен натпревар и триумф на неговиот тим.

„Не чека тежок натпревар против Арсими, екипа која ја има мојата почит. Не само поради победата над Шкендија, туку поради фактот што во континуитет игра добро. Играме на домашен терен и можеби тоа не прави благи фаворити, но знаеме дека нема да биде лесно. Меѓутоа ако сакаме да бидеме при врвот мораме да победиме. Сите сме сконцентрирани само кон овој натпревар, и очекувам една квалитетна претстава и победа на Силекс“, рече Васоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови