Раководството на Реал Мадрид ги известило колегите од Ливерпул дека повеќе не е заинтересирано за ангажман на дефанзивецот Ибрахима Конате. Французинот беше една од целите на „кралевите“ летово, особено затоа што неговиот договор со „црвените“ истекува на крајот од сезоната.
Во моментов, Конате води преговори со Ливерпул за нов договор на „Енфилд“, но двете страни имаат големи несогласувања околу неговата плата. Иако е еден од поискусните фудбалери во тимот на Арне Слот, Конате е меѓу најмалкуплатените играчи.
Според разни извори, платата на неговиот партнер во одбраната и капитен на тимот, Вирџил ван Дајк, е трипати повисока. Пред само неколку дена, Конате изјави дека се надева наскоро да го соопшти својот следен чекор.
Изминатово лето Реал веќе донесе друг играч од Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, за симболични 10 милиони евра, сума што ја платија за да го имаат еден месец порано од официјалниот истек на неговиот договор со „црвените“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими посакува изненадување во Кратово
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Евро-фудбал
Џошуа Зиркзе се согласил на трансфер во Рома













