На официјална покана од претседателот на FIF7 Европа, Calcio 7 и Calcio 8 Italia – г. Фабрицио Лофреда, Македонија F7 за прв пат во својата историја ќе учествува на меѓународен турнир – престижниот Confederation Cup Rome, кој ќе се одржи во Рим на 13 и 14 декември.
Нашиот национален тим ќе биде составен од многу поранешни македонски репрезентативци – играчи со огромно искуство, квалитет и силен натпреварувачки дух. Дополнителна чест и мотивација е фактот што селекцијата ќе ја предводи легендарниот Горан Пандев, еден од најголемите спортски симболи на македонскиот фудбал.

Фудбал 7 претставува еден од најбрзорастечките спортови во светот – динамичен, интензивен и исполнет со возбудливи моменти. Комбинацијата од техничка игра, брзи транзиции и постојана акција го прави овој формат идеален и за играчи и за гледачи.
Со помал простор, повеќе дуели и почести ситуации за гол, F7 создава игра што е полна со енергија и адреналин. Токму затоа овој спорт привлекува сè повеќе учесници, клубови и обожаватели ширум светот.

Фудбал 7 не е само игра – тој е ново фудбалско доживување што нуди брз ритам, спектакуларни потези и вистинска спортска страст. Формат кој расте, се развива и ја освојува Европа и светот со својата модерност и атрактивност.
Македонија F7 ќе има исклучителна чест да го отвори турнирот со Италија – вицешампион на последното Светско првенство во Фудбал 7, кое оваа година се одигра во Бразил, Куритиба.

За Италија ќе настапат и неколку поранешни професионални фудбалери, меѓу кои Гаетано Д’Агостино, Алесио Черчи, Давиде Москардели, Леонардо Бонучи и Антонио Ди Натале, што го прави овој дуел уште поважен и поатрактивен – вистински спектакл уште од првата минута.
Учеството во Рим е огромен исчекор за развојот на Фудбал 7 и во Македонија
„Правиме историја. Одиме во Рим!“, велат познатите фудбалски имиња кои сега ќе бидат дел од Фудбал 7 Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими посакува изненадување во Кратово
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Евро-фудбал
Џошуа Зиркзе се согласил на трансфер во Рома













