Рома продолжи со одличните настапи на европската сцена и се врати на победничките патеки. „Волчицата“ на свој терен го совлада Митјиланд со 2-1, нанесувајќи му го првиот пораз во Лига Европа оваа сезона.
Данците беа во серија од четири последовни триумфи, но налетаа на тимот од Серија А, кој игра во одлична форма и води на табелата во Италија. Ел Ајнауи и Ел Шарави беа стрелците за Рома, додека Паулињо го намали поразот за гостите.
Динамо Загреб доживеа тежок пораз на гостувањето кај Лил, каде загуби со убедливи 4-0. Стрелци за Французите беа Кореиа, Мукау, Игамане и Андре.
Астон Вила ја оправда улогата на фаворит и дома го совлада Јанг Бојс со 2-1. Дониел Мален беше херојот на премиерлигашот со два гола во првото полувреме.
Триумф забележа и Порто, кој со 3-0 беше подобар од Ница. Веига постигна два гола, а Саму беше прецизен од белата точка во вториот дел.
Фенербахче одигра само 1-1 пред своите навивачи против унгарскиот Ференцварош. Во првото полувреме немаше голови, гостите поведоа преку Варга, а Талиска го израмни резултатот. Дуран доби црвен картон за турскиот клуб.
Големо изненадување приреди Селтик, кој на гостински терен го победи Феенорд во Ротердам со 1-3. За шкотскиот тим погодија Јанг Хјун-Јин, Хатате и Нигрен, а Уеда беше единствениот стрелец за домаќините.
Бугарскиот шампион Лудогорец пред своите гледачи славеше против Селта Виго со 3-2, остварувајќи ја втората победа во групата. Српскиот интернационалец Петар Станиќ постигна хет-трик.
Без победник завршија натпреварите ПАОК – Бран (1-1) и Викторија Плзен – Фрајбург (0-0).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски ја одби понудата на Фенербахче
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













