Фудбалерите на Евертон во понеделникот навечер го победија Манчестер Јунајтед со 0-1 како гости во Премиер лигата, а натпреварот веќе влезе во историјата на фудбалот по еден необичен инцидент.
Играчите на Евертон, Идриса Гана Геј и Мајкл Кин, најпрво вербално се расправаа, по што Геј му удри шлаканица на Кин. Сенегалецот заради тоа доби црвен картон во 13. минута, но Евертон сепак успеа да постигне гол и да ги освои трите поени на „Олд Трафорд“.
По натпреварот, Геј се покаја и јавно се извини, а од клубот брзо ја смирија ситуацијата.
Менаџерот Дејвид Мојес изјави дека му е драго што видел расправија меѓу играчите, бидејќи тоа покажува дека неговите избраници се максимално посветени на тоа сè да направат како што треба.
Евертон денеска на социјалните мрежи објави заедничка фотографија од Кин и Геј како се гушкаат на тренинг, со пораката „само љубов“, со што јасно се покажува дека помеѓу нив нема „лоша крв“ и дека инцидентот е завршена приказна за клубот.
Мојес по мечот изјави дека бил „изненаден“ од одлуката на судијата да му покаже црвен картон на Геј и дека можеби требало повторно да размисли. Сепак, според правилата, удирање на соиграч се казнува исто како да се работи за противник.
All love.💙 pic.twitter.com/A9jljqm4Ia
— Everton (@Everton) November 27, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски ја одби понудата на Фенербахче
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Евро-фудбал
Јувентус остана заробен во мразот во Норвешка













