Connect with us

Арсими ја шокира Шкендија, Тиквеш убедлив против Башкими

Арсими направи големо изненадување со убедливата победа од 3-0 над Шкендија. Ова е голем удар за шампионските амбиции на тетовци.

Во првото полувреме немаше голови, но на стартот на вториот дел Арсими дојде во водство со голот на Шефит Шефити. Само три минути подоцна домаќинот ја удвои предноста преку Албан Таипи, а во 75.минута следеше вистински нокаут, со третиот гол за Арсими што го постигна Џемиљ Јахији со удар од далечина.

Тиквеш исто така со 3-0 го победи Башкими. Иван Ивановски донесе водство во 17.минута, а Мартин Стојанов зголеми на 2-0 во 32.минута. Следеше и третиот гол на Рушту Јонус во првото полувреме, по што мечот веќе беше решен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови