Фудбалерот на Монако, Пол Погба, го прокоментира своето враќање на теренот по долгото отсуство, во натпреварот од 13. коло на француската Лига 1, во кој неговиот тим загуби од Рен со 1-4.
„Фудбалот не е завршен за мене. Работевме, го чекавме ова враќање повеќе од две години… Сè што се случи, сите приказни надвор од фудбалот. Многу страдав и со нетрпение го очекував овој момент“, изјави Погба.
„Постојат моменти кога ѓаволот се обидува да те убеди дека сè е готово. Но има Бог, јас верувам во себе и во моите квалитети. Не направив ништо, вината не е моја. Секогаш ја имав надежта“, додаде поранешниот француски репрезентативец.
Погба не одиграл официјален натпревар цели 811 дена. Долго време се опоравуваше од повреди, а дуелот против Рен беше негов прв во дресот на Монако. Последен пат беше на терен во септември 2023 година, кога одигра 28 минути за Јувентус во натпреварот против Емполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Погба: Не сум завршил со фудбалот
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













