Connect with us

Гвардиола: Гостувањата кај Њукасл секогаш се тешки

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го прокоментира поразот на неговиот тим со 1-2 од Њукасл во Премиер – лигата.

„Беше тоа рамноправен и интересен дуел. Противникот си имаше свои шанси, ние исто така имавме наши. На крајот, тие постигнаа еден гол повеќе од нас“, изјави шпанскиот стратег.

„Да, создадовме чисти шанси и мора да постигнуваме повеќе голови. Нашите фудбалери ги имаат потребните квалитети за тоа. Халанд секогаш има по две-три можности, затоа што е најдобриот“, посочи Гвардиола.

„Го започнавме второто полувреме многу добро, ја имавме иницијативата и ја носевме топката до играчите во вистинските зони. Но откако дадовме гол, веднаш го примивме вториот, што ги усложни работите. На терен влезе Свен Ботман и противникот се бранеше многу длабоко“, додаде Пеп.

„Сигурен сум дека сите екипи претпочитаат да играат дома, а ние не сме исклучок. Гостувањата кај Њукасл секогаш се тешки, дури и кога тимот е ниско на табелата и влегува во мечот по два последовни порази. Се боревме, играчите не се откажаа, но не успеавме да го постигнеме посакуваниот резултат“, заклучи менаџерот на „граѓаните“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови