Connect with us

ФК Беласица најавува напуштање на Втората лига? – „Смислено сценарио со судиите“ (ВИДЕО)

Македонскиот второлигаш Беласица се закани со напуштање на првенството, за што утре ќе решава на вонреден состанок на раководството, откако денеска го загуби мечот на домашен терен против Новаци (0-1).

Струмичани тврдат дека судиите влијаеле на конечниот резултат, а во досегашниот тек од шампионатот во Втората лига се оштетени неколкукратно.

Во соопштението на ФК Беласица објавено на социјалните мрежи, се вели:

„Фудбалскиот клуб Беласица после разгледување на снимката од денешниот натпревар на која бевме поразени од екипата на Новаци на домашен терен со 0-1 дојде до заклучок дека делителите на правдата главно влијаеа на конечниот резултат, а и во повеќе наврати или уште од самиот старт на првенството бевме сведоци на контроверзно судење против Беласица, а со тоа и свесно и смислено сценарио или свесно скратување на чекорот кон водечките места на табелата.
За таа цел бараме од сите инволвирани структури да ни ги образложат од стартот на првенството сите а посебно денешните контроверзни одлуки кои беа на наша штета а со тоа и смислено недозволување за чесна борба до самиот крај.
Утре управата на клубот на вонреден состанок ќе одлучи како и дали ќе се продолжи со натпреварувањето во такво нерегуларно првенство.
Само ги прашуваме главните инволвирани во режирање на сите сценарија:

1.Дали Беласица некому смета?

2.Со што сме заслужиле ние како клуб од 103 години да немаме еднаков критериум???

3.Дали свесно знаејќи дека имаме квалитетен тим сакате уште првата полусезона да не оддалечите од водечките места???

4.Дали вашата блискост со одредени структури ве тераат да правите зло и да имате ваши фаворити уште од самиот старт на првенството???

5.Дали така сакате да ги истерате и уништите и тие малку спонзори кои од љубов спонзорираат во фудбалот???

6.Дали за остварување на вашите приватни бизнис интереси ќе ги погазувате сите кој чесно се борат на зелениот терен за да си ја остварите само вашата цел???

7.Дали знаете дека со вашите одлуки ја уништувате егзистенцијата и иднината на играчите,тренерите, и целите нивни фамилии???

8.Ова ли е борбата за чесното за кое зборевте кога дојдовте???

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови