Брегалница го издржа „теророт“ во Синѓелиќ и успеа да оствари голем триумф (1-2) на гости против Шкендија Арачиново нанесувајќи им го првиот пораз во сезоната. На полувремето имаше и инцидент, нападнати беа фудбалерите на Брегалница од службени лица и редари на домашниот тим.
Сепак, Брегалница одлучи да излезе на теренот и покрај инцидентот и на теренот оствари голема победа.
По само шест минути игра, Шкендија Арачиново поведе со ударот со глава на Арсим Љамалари. До полувремето се водеше голема борба со многу тензија, а гостите успеаја да израмнат преку Даниел Карчески. На паузата дојде до скандал и напад врз играчите на Брегалница од страна на службени лица.
Вториот дел започна со задоцнување, а веднаш по продолжувањето судијата им додели по еден црвен картон на двете екипи. Иако тимовите останаа со по десет играчи, темпото се зголеми. Брегалница беше поопасна и создаде неколку шанси пред да дојде до пресврт. Во 65. минута Хусеин Демири погоди со глава за 1-2.
Новаци приреди големо изненадување победувајќи ја Беласица на гостински терен со 0-1. Домаќините напаѓаа, но не можеа да најдат пат до голот. Решавачкиот погодок го постигна Мартин Богдановски во 80. минута.
ФК Скопје со пресврт го совлада Тетекс со 2-1. Тетовци поведоа уште во седмата минута преку Азис Јамини, но Виктор Ангелов со два гола направи целосен пресврт.
Детонит Плачковица не успеа да слави против Преспа и одигра 1-1. Домаќините поведоа со гол од слободен удар преку Нијаз Јусуфи, по што гостите израмнија со погодокот на Нико Пластиновски.
Кожуф триумфираше на гостувањето кај Победа во Прилеп со 0-1. Единствениот гол го постигна Албан Мемеди на стартот од второто полувреме.
Осогово убедливо славеше на домашен терен против Вардар Неготино со 5-1.
Слога Виница на домашен терен загуби убедливи од Каменица Саса со 2-6.
На табелата, водечка е Шкендија со 32 бода, а Брегалница се доближи на само два помалку. Третопласиран е Охрид со 27 бода и меч помалку против Големо Коњари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













