Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, откри дека Конор Бредли и Флоријан Вирц се повредени по настапите за своите репрезентации и нема да бидат достапни за утрешниот дуел со Нотингам Форест. Бредли ќе биде надвор од терените околу три недели, што веројатно повторно ќе донесе Доминик Шобослаи често да игра како десен бек, бидејќи Џереми Фримпонг сè уште е повреден, а Џо Гомез не е подготвен да одигра голем број натпревари за краток период.
Повредата на Флоријан Вирц е полесна и тој ќе го пропушти само натпреварот со Нотингам Форест, по што би требало повторно да биде на располагање. Добра вест е што Алисон Бекер е подготвен да се врати на теренот.
„Робертсон вчера не тренираше поради лични причини, но денес ќе биде со нас. Алисон Бекер тренира од минатата недела и ако сè е во ред, ќе биде подготвен да игра утре. За жал, имаме одредени проблеми по репрезентативната пауза. Конор Бредли и Флоријан Вирц не можат да играат. Ова воопшто не е добро. Двајцата имаат мускулни повреди. Не очекувам Конор да се врати во следните 22 дена, а Флоријан би требало да може да игра по натпреварот со Нотингам. Џереми Фримпонг исто така нема да биде подготвен во следните 2-3 недели. Точно е дека Доминик Шобослаи се снаоѓа многу добро на таа позиција, но и во средниот ред. Кертис Џонс исто така играше таму минатата сезона. Џо Гомез може да игра десен бек, но тој нема два комплетни натпревари во целата 2025 година, па малку е ризично да го пуштиме седум пати за 22 дена“, изјави Слот.
Холанѓанецот го коментираше и лошото вегување на тимот на Ливерпул на повеќето натпревари оваа сезона.
„Свесен сум дека почесто губиме со 1-0 отколку што водиме со 1-0. Во моментот не можам да ви дадам објаснување за тоа. Тоа дефинитивно влијае на нашата игра“, истакна Слот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













