Connect with us

Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах

Ливерпул продолжува со преговорите со Египет за датумот кога ќе треба да го ослободи Мохамед Салах за претстојниот Куп на африканските нации (КАН) во Мароко следниот месец.

Постои можност „црвените“ да ја загубат својата ѕвезда порано од очекуваното. Египет се стреми да го повика Салах за пријателски натпревар во средината на декември, што би значело дека тој ќе го пропушти клучниот меч од Премиер – лигата против Брајтон, покрај натпреварите за кои веќе се очекува да отсуствува околу Божиќ и Нова година.

„Фараоните“ го започнуваат своето учество на КАН на 22 декември со натпревар против Зимбабве од Група Б на стадионот „Адрар“ во Агадир.

Плановите на Египет се Салах да игра на пријателскиот натпревар против Нигерија на 14 декември, а тоа значи дека ѕвездата на Ливерпул може да го пропушти и мечот на тимот на Арне Слот против Брајтон на „Енфилд“ ден претходно.

Ова потенцијално рано заминување создава сериозни главоболки за менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, бидејќи тимот ќе биде лишен од услугите на еден од најважните играчи во натрупаниот празничен период.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови