Connect with us

Кејн: Можам да постигнам и 100 гола, и пак да не ја освојам „Златната топка“

Хари Кејн блеска со неверојатна ефикасност оваа сезона, но напаѓачот на Англија и Баерн Минхен добро знае дека шансите да ја освои следната „Златна топка“ зависат од бројот на трофеи што ќе ги освои.

32-годишниот фудбалер ужива во можеби најдобрата сезона во кариерата, со 23 гола во 17 натпревари за Баерн, кој сѐ уште е непоразен и е лидер и во Бундес-лигата и во Лигата на шампионите.


Кејн постигна и три гола во четири натпревари за Англија, вклучително два во убедливата победа од 5-0 над Летонија во октомври, со што „трите лава“ обезбедија место на Мундијал 2026.

На прашањето дали се смета за кандидат за најпрестижното индивидуално признание во фудбалот, Кејн изјави:


„Можам да постигнам 100 гола оваа сезона, но ако не ја освоиме Лигата на шампионите или Светското првенство, веројатно нема да ја добијам „Златната топка“. Исто важи и за Ерлинг Халанд и за секој друг играч – треба да освојуваш големи трофеи. Во Баерн сме во одлична форма, што можеби ги зголемува шансите во моја корист. Исто е и со националниот тим на Англија. Се надевам дека ако сè тргне добро за клубот и за мојата земја, дефинитивно ќе бидам во дискусија за наградата“, истакна капитенот на англискиот национален тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови