Connect with us

Еуфорија во Босна, а Барбарез најавува победа и во Виена: „Ова е уникатна шанса да се пласираме на Светското првенство“

Фудбалерите на Босна и Херцеговина синоќа забележаа значајна победа во Зеница, совладувајќи ја селекцијата на Романија со 3-1. Со овој триумф, избраниците на Сергеј Барбарез си обезбедија место во баражот за пласман на Светското првенство, а со евентуален успех против Австрија во Виена, можат и директно да се пласираат на Мундијалот.

„Фудбалерите го заслужија ова. На полувреме имавме мирен разговор, бев сосема задоволен и од првиот дел – создадовме неколку ситуации. Но, што било – било, гледаме напред. Во вторник ќе дадеме сè од себе во Виена. Ова е нашиот пат и цврсто го следиме“, изјави Барбарез по натпреварот со Романија.

Босна и Херцеговина во Виена ќе има шанса, со евентуална победа, да го избори својот втор историски настап на Светско првенство.

„Во Австрија одиме со голема самодоверба. Ова беше моментот што го посакувавме – да го имаме обезбедениот бараж и да тргнеме во Виена по победа, затоа што ова е единствена шанса да се пласираме на Светско првенство“, додаде селекторот на „змејовите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови