Connect with us

Велс остана без двајца важни играчи за мечот против Македонија

Фудбалската репрезентација на Велс, иако важеше за апсолутен фаворит на гостувањето кај Лихтенштајн во седмото коло од квалификациите за СП 2026, сепак успеа да оствари само тесна победа од 0-1, резултат кој е поволен за Македонија. Сега нашиот национален тим и со реми во Кардиф ќе го задржи второто место на табелата.

Еден од клучните фудбалери на Велс, Итaн Ампаду, ќе го пропушти решавачкиот дуел против Македонија во Кардиф поради суспензија. Капитенот смета дека казната е неправедна.

„Навистина сум разочаран. Фрустрирачки е бидејќи воопшто не го фаулирав противникот, чисто ја освоив топката. Ни требаа трите поени и успеавме да ги земеме. Мораше да играме трпеливо, имавме многу шанси“, изјави Ампаду.

Стрелецот на единствениот гол, Џордан Џејмс, исто така нема да може да игра против нашата репрезентација.

„Жолтиот картон е големо разочарување. На терен не размислувате за такви работи – тие беа во опасен контранапад и морав да интервенирам. Сепак, уверен сум дека имаме доволно сила за победа во вторник“, додаде Џејмс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови