Connect with us

Аргентинецот Диего Кастањеда потпиша нов договор со Вардар

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го продолжи договорот со аргентинскиот интернационалец Диего Кастањеда. Според новите услови, тој ќе остане во редовите на Вардар до 2028 година.

Кастањеда оваа сезона се наметна како важен член на „црвено-црните“, на дел од натпреварите беше меѓу најдобрите играчи во средниот ред и тоа го препознаа раководството на клубот и шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски.

Вардар по 13 кола од првенството во Првата македонска фудбалска лига се наоѓа на првата позиција со 33 освоени бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови