Connect with us

Атлетико Мадрид има нови сопственици

Атлетико Мадрид официјално доби нов мнозински акционер, откако четворица членови на управата одлучија да ги продадат своите акции на инвестицискиот фонд „Аполо Спортс Капитал“. Детали за трансакцијата не се откриваат, но се проценува дека вредноста изнесува помеѓу 2,5 и 3 милијарди евра.

Според извори од клубот, оваа промена нема да влијае врз управувањето со клубот и нема да доведе до промени во раководните позиции во Атлетико Мадрид.

„Вложувањето на АСК ќе ја зацврсти позицијата на нашиот клуб меѓу фудбалската елита и ќе ја поддржи нашата цел за долгорочен успех за милионите навивачи ширум светот. Акционерите планираат да обезбедат нов капитал кој ќе ги поддржи долгорочните планови на клубот, вклучувајќи ги инвестициите во тимот и големите инфраструктурни проекти. Меѓу нив се ‘Градот на спортот’, нов спортски и забавен центар покрај нашиот стадион, Ријад Ер Метрополитано. Целта на овој проект е Атлетико да стане светска дестинација за спорт, рекреација, култура и социјални активности“, се наведува во официјалното соопштение на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови