Connect with us

Сандерленд и Евертон ремизираа на „Стадионот на светлината“ (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Сандерленд и Евертон заврши без победник, 1-1.

На Евертон му беа потребни само петнаесет минути за да поведе на гостувањето.

Тоа беше прекрасен гол, иако за некои контроверзен поради можен прекршок на средината од теренот, но сè што направи Ендија по таа ситуација беше совршено, се намести на левата нога и со прецизен удар го погоди самиот агол на голот за 0-1.

Евертон можеше и да ја удвои предноста, имаше две огромни шанси — една преку Бери, а другата преку Грилиш, кој ја погоди стативата.

Сандерленд не го заслужи израмнувањето во првото полувреме, но успеа да го постигне на самиот почеток на второто — поточно, по само 43 секунди игра.

Стрелец беше Гранит Џака. Акцијата не изгледаше како нешто што ќе донесе опасност, но топката на крајот некако стигна до швајцарскиот репрезентативец, кој шутираше и со малку среќа ја погоди мрежата.

Со овој резултат, Сандерленд се израмни со Ливерпул на третото место со 18 бодови, додека Евертон останува на 14. позиција со 12 освоени поени по десет одиграни натпревари.

Во следното коло, Сандерленд го пречекува Арсенал, а Евертон ќе биде домаќин на Фулам.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови