Connect with us

Башкими го врати Баже Јанакиевски на кормилото

По разделбата со Муарем Муарем, Башкими денес го претстави новиот тренер на првиот тим — Баже Јанакиевски, кој и претходно беше на чело на клубот и постигна одлични резултати.

Управата на клубот одлучи повторно да соработува со име добро познато на клубот и навивачите — стратегот кој испиша историја враќајќи го Башкими во елитното друштво.

„Клубот цврсто верува во претходно започнатиот проект — проект што беше прекинат од лични причини пред почетокот на сезоната, но кој сега продолжува со иста посветеност и енергија. Со целосна доверба во неговата работа и во потенцијалот на тимот, раководството на клубот одлучи дека првиот кој заслужува да се врати на тренерското место е Баже Јанакиевски“, стои во официјалното соопштение на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови