Connect with us

Јетон Беќири: Одговорноста за поразот е моја, сѐ одеше против нас на ова дерби

Шампионот Шкендија по осум години загуби од Вардар со 0-1 на денешното дерби во Тетово. Тренерот Јетон Беќири искрено зборуваше за проблемите на теренот.

„Голем дел од натпреварот сè одише против нас – пропуштивме чисти шанси, направивме пенал, а не искористивме и неколку други можности. Секогаш кога резултатот не е во наша корист, одговорноста е моја. Во овој случај, поразот е моја одговорност. Сега најважно е да ја зачуваме смиреноста и да се подготвиме за следниот натпревар“, изјави Беќири.

Тој вели дека не станува збор за потценување на противникот, туку дека дел од напаѓалите не се во потребната форма.


„Во дерби нема место за потценување. Се чини дека многу од напаѓачите не се во форма и мораме да најдеме начин како да се избориме со оваа моментална проблематика. Многу сме неопасни во нападот. Дури и кога имаме чисти шанси пред голот, не ги искористуваме, а ни грешките на противникот не ги користиме. Токму затоа, како што реков, сè одеше против нас на овој натпревар“, заврши тренерот на Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови