
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, е уверен дека неговиот тим ќе одговори на трите последовни порази со подобро издание во дербито против Манчестер Јунајтед во недела. Холандскиот стратег нагласи дека противникот игра подобро отколку што покажува неговата позиција на табелата и изрази верба дека „црвените“ ќе покажат соодветна реакција.
„Нема разлика против кого играме во недела. Кога си фудбалер на Ливерпул и имаш загубено три натпревари по ред, едноставно мора да реагираш. Од почетокот на сезоната играчите даваат сѐ до последната минута. Во три натпревари требаше да го превртиме резултатот – успеавме двапати, но и загубивме. Сега е време да покажеме карактер“, изјави Слот.
„Со нетрпение го очекувам мечот со Манчестер Јунајтед – тоа е најгледаниот дуел во светот и секогаш носи посебна енергија. Мора да сме во најдобра форма. Противникот започна подобро отколку што покажува табелата, па нè очекува многу интересен дуел, особено на „Енфилд“. Нашите фанови секогаш се со нас“, додаде тој, истовремено правејќи кратка анализа на аспектите на играта на кои Ливерпул треба да работи.
„Споредено со минатата сезона, не создаваме толку шанси, но сепак имаме највисоко „xG“ од отворена игра во Премиер – лигата. Проблемот се примените голови – девет на број, од кои четири се од статични ситуации. Останатите доаѓаат од контранапади и центаршутеви, и тоа е нешто на кое мораме повеќе да работиме“, нагласи стратегот на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
