
Манчестер Сити ја разгледува можноста да го ангажира таканаречениот „бразилски Ерлинг Хaланд“. Станува збор за 17-годишниот напаѓач на Баија, Вендесон Вандерлеи Сантос де Мело, познат како Дел. Иако е многу млад, тој веќе се смета за потенцијалната следна суперѕвезда на бразилскиот фудбал.
По неговото деби за сениорскиот тим на Баија годинава, кога имаше само 16 години, Дел брзо ги покажа своите квалитети. Фудбалските експерти велат дека тој потсетува на норвешката гол-машина на Манчестер Сити, Ерлинг Хaланд, но со типичен бразилски фудбалски шарм. Во 2023 година Дел постигна 40 голови на 34 натпревари за тимот до 17 години, а следната сезона додаде уште 12 погодоци во 21 настап. Бразилските медиуми го нарекоа „Халанд од Сертао“.
Дел си обезбеди место во младинската репрезентација на Бразил и целосно ја оправда довербата. На првенството на Јужна Америка до 15 години постигна четири гола и две асистенции, освојувајќи ја „Златната копачка“. Годинава тој донесе победа за Бразил и на шампионатот до 17 години, покажувајќи дека знае да се снајде и на повисоко ниво.
Следната негова голема сцена ќе биде Светското првенство до 17 години во Катар во ноември, каде што Дел се очекува да биде една од главните атракции. Скаути од цела Европа ќе присуствуваат на натпреварите, но се смета дека Манчестер Сити веќе има предност. Баија потпиша професионален договор со Дел до 2027 година, а во договорот има импресивна откупна клаузула од 87 милиони фунти — што доволно зборува за високата проценка што клубот ја има за него.
Агент на фудбалерот е Џулиано Бертолучи, еден од највлијателните менаџери во Бразил, познат по тоа што често обезбедува трансфери во најдобрите европски клубови. Патот на Сити е олеснет и поради фактот што „Сити Фудбол Груп“, сопственикот на Манчестер Сити, поседува 90% од акциите на Баија, што ги прави идните преговори значително полесни.
„Секој играч сонува да игра на највисоко ниво во Европа. Јас сонувам да играм за клуб како Манчестер Сити, кој според мене е најдобриот клуб во светот. Но, верувам дека сè ќе се случи природно. Прво сакам да играм овде, во Баија, да освојувам трофеи, да станам идол, а потоа да го продолжам патот во Европа. Којзнае, можеби ќе освојувам титули и ќе станам идол и во Манчестер Сити“, изјави младиот Бразилец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
