Connect with us

Беласица остана без тренер – Стојанов си замина по два порази

Беласица ќе ја продолжи сезоната со нов тренер. Александар Стојанов поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб по двата последовни порази на струмичкиот второлигаш.

Тимот имаше одличен почеток на сезоната – пет победи и едно реми во првите шест кола. Сепак, неуспесите против Осогово и Шкендија Арачиново ја променија ситуацијата.

„Во спортот победите и поразите одат заедно. По два порази по ред ја преземам целата одговорност. Дадов сè од себе за клубот, но кога не оди – време е да се направи чекор назад“, рече Стојанов по оставката.

Иако Беласица има најдобар старт во последните години, тимот ќе мора да продолжи без својот досегашен стратег. Клубот во следните денови ќе го објави името на новиот тренер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови