
Македонската фудбалска репрезентација продолжува со импресивната серија во квалификациите за Светското првенство. Избраниците на селекторот останаа непоразени и по шестиот натпревар во групата Ј, откако во Гент одиграа 0-0 на едно од најтешките гостувања – против фаворизираната Белгија.
Со ова реми, Македонија останува во трка за една од првите две позиции на табелата и ја потврди својата стабилност и борбеност на меѓународната сцена.
По натпреварот, капитенот Енис Барди не ја криеше гордоста од изданието на тимот:
„Ова беше еден од најтешките натпревари што сме ги одиграле. Борбено, со срце, и тактички зрело се поставивме во дефанзива. Секоја чест за Столе за неверојатните одбрани – покажавме дека секој бод ни значи. Освоивме важен поен и моментално сме први во групата. Секој меч е решавачки, а сега следува дуелот со Казахстан пред нашата публика, каде секогаш одиме на победа.“
Капитенот откри и дека има лична причина за радост:
„Станав татко, се роди мојата ќерка Аја, и овој резултат го посветувам на моето семејство. Сите во тимот заслужуваме честитки – трчавме, се боревме и оставивме срце на теренот. Фудбалот некогаш знае да биде неправеден, но Столе многупати нè спасувал, а и сега беше феноменален. Искрено, заслужува да брани и во Валенсија.“
Македонската репрезентација денеска се враќа во Скопје. Подготовките веднаш продолжуваат, бидејќи во понеделник од 20:45 часот ја очекува нов предизвик – дуелот против Казахстан пред домашната публика.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Евро-фудбал
Одегард е посериозно повреден?

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
