Connect with us

Французите останаа без Мбапе за мечот со Исланд

Напаѓачот на Реал Мадрид и капитен на Франција, Килијан Мбапе, ќе го пропушти претстојниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 против Исланд, поради повреда. Ова го објавија водечките француски медиуми повикувајќи се на информации од стручниот штаб на француската репрезентација.

Мбапе нема да настапи на натпреварот на 13 октомври поради повреда на десниот скочен зглоб, која ја заработи синоќа во дуелот со Азербејџан.


Тој се пожали на слична повреда уште на 4 октомври, за време на натпреварот од осмото коло во Ла Лига против Вилјареал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови